Show notes
- Не сум сигурен дали смеам да го користам вашето име?
- Амм....
- Ирина, тоа е вашето вистинско име нели?
- Да, тоа е моето име.
- Во ред ќе го користиме само името во ова интервју. Може?
- Да. Може така.
Вака го започнавме разговорот со Ирина од Белорусија, долгогишна новинарка која денес, како и многу други свои колеги, не може да се врати дома. Владата во Белорусија од 2020 година протера или принуди на егзил преку 300 новинари од земјата. Сега Ирина и своите колеги се обидуваат вестите за Белорусија да ги пишуваат надвор од земјата. Со Ирина се сретнавме надвор од Белорусија, но за ова интервју не замоли да не снимаме видео, и да не ја откриваме локацијата каде е снимено интервјуто.


