goce.mk
goce.mk
Goce.mk
Подкаст на goce.mk
Валентина Дисоска 2
Валентина Дисоска e претседателка на Националната платформа на жени претриемачи
Mar 15, 2023
1 min
Валентина Дисоска
Валентина Дисоска – претседателка на Нациналната платформа на женско претприемништво
Mar 15, 2023
2 min
Дали „варање кафе“ е главна активност на студентската пракса во Македонија?
Од серијалот анкети кои ги спроведоа универзитетските медиуми на Универзитетот „Гоце Делчев“, едно прашање константно се провлекуваше – немаме доволно и немаме квалитетна практична настава. Кога одиме на пракса само вариме кафе и не правиме ништо друго, вели еден од студентите во анкетата на Гоце.мк и УГД ФМ. За волја на вистината проблемите со пракса се многу по изразени во медицинските и техничките науки, но и оние во општествените науки не се многу поразлични.
Feb 23, 2023
12 min
Кои се можните решенија за практичната настава?
Професорката Веселинова предизвиците за практичната настава ги гледа во можноста студентите да реализираат симулации и пракса и во самите факултети. Ова е концепт кој веќе е познат на светски универзитети, а многу малку се применува на нашите универзитети. Ова значително може да го подобри искуството на студентите, вели Веселинова.
Feb 23, 2023
1 min
Проф. Веселнинова - Праксата треба да има длабочина и квалитет
Професорката Елена Веселинова од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ детектира одредени предизвици на практичната настава. Според неа има пракса, но треба таа да дава подлабоки знаење, наместо само површни и парцијални.
Feb 23, 2023
2 min
„Расте“ уметничкиот свет, мора да расте и уметничкото образование
Шубо Ви е вас музичко си пеете свиркате секој ден" „Имав искуство каде што по предмет што сум имала и добивала 1ви награди, професорка пред 40 студенти ме брука дека џабе им ги трошам парите на моите и дека сум глува и не слушам. Повеќе треба?😂😂😂“ Ова се само дел од карактеристичните одговори во анкетата за состојбите во уметничкото образование во Македонија, во која учествуваа студенти од музичките и ликовните академии, како и средношколци од уметничките училишта. Сепак, меѓу многуте одговори за потребата од пракса, инструменти, прилагодување на студиските програми на современите текови и потреби, потребата од поголемо присуство и учество на студентите и учениците на културни настани, еден одговор можеби дава најдобра насока за тоа што е секогаш потребно:
Feb 21, 2023
9 min
Не се проблем студиските програми, туку нивната доследна примена
Техничките науки долги години ги следи епитетот на неатрактивност, најчесто на сметка на општествените науки, кај кои секогаш интересот за изучување е многу поголем. Трендот за иселување на младите се почувствува воопшто во сите области на образованието со недостаток и се помал број на ученици и средношколци, а нормално со поголема силина се манифестира токму кај техничките науки. Во целата таа ситуација, сликата навидум ја подобрува големиот интерес за информатичките студиски програми, но тоа не го надоместува вакуумот кој го има кај инженерскиот кадар. Од година во година, бројот на запишани студенти на техничките факултети се намалува, а стопанството може и да дојде во ситуација да не може да го обезбеди потребниот кадар. Поради ваквите состојби, гоце.мк и универзитетските медиуми реализираа онлајн анкета меѓу студенти и средношколци за да се дознаат мислењата за причините за ваквите состојби.
Feb 8, 2023
12 min
Текстилниот отпад – од загадувач до суровина и производ со нова вредност
Пернички, јорганчиња, лејзи бегови, но и парчиња облека кои доминираат и на модните писти…Во нив тешко ќе ги препознаете купиштата од текстилниот отпад, а сепак е таму. Од проблем, од загадувач на околината, дел од текстилниот отпад се претвора во производ со нова вредност. Во недостаток на системско решение за текстилниот отпад, пионерски чекори во оваа насока прават невладиниот и високообразовниот сектор. Невладината организација „Фондација за развој на локалната заедница“ (ФРЛЗ) од Штип заедно со Технолошко техничкиот факултет на државниот универзитет „Гоце Делчев“  во пракса покажаа како текстилниот отпад наместо загадувач може да биде суровина и да се преработи.
Jan 31, 2023
13 min
Текстилен отпад - Суровина наместо загадувач - Сања Ристески
Освен жените кои останале без работа од текстилните компании, свој ангажман во преработката на текстилниот отпад можат да најдат и други ранливи групи на граѓани. Затоа се работеше со сензитивни, ранливи групи на граѓани. Првата обука беше со Центарот „Порака“, се работеше со лица со посебни потреби, каде отпадот од текстилните компании да го редизајнираме во облик на маици, торби, несесери…
Jan 27, 2023
16 sec
Праксата најголем предизвик за студентите и средношколците по медицина
Практичната настава најмногу „настрадала“ како резултат на корона кризата кај студентите и средношколците по медицина. Ова го покажа истражувањетокое го спроведоа гоце.мк и УГД ФМ. Од онлајн истражувањето кое беше поставено претходно дознавме дека повеќе од 50% од студенти и средношколци по медицина сметаат дека практичната настава е проблем на кој треба да се работи.
Dec 29, 2022
10 min
Load more