Show notes
Гоце.мк заедно со УГД ФМ спроведоа онлајн анкета за иселувањето на младите и колку тоа е причина за некој млад човек да се одлучи да ја напушти државата. Резултатите од анкетата ги споредивме и со резултати од слични академски лонгитудинални истражувања. Двете истражувања покажуваат дека огромен дел од младите или веќе се иселиле или сакаат да се иселат. Со цел да дојдеме до одговори за причините за иселувањето анкетата на Гоце.мк и УГД ФМ таргетираше и веќе иселени млади луѓе.

