
Тогаш Он влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна, во својот град. И ете, донесоа при Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му рече: „Не плаши се чедо! Ти се простуваат гревовите твои!” Тогаш некои од книжниците рекоа во себе: „Овој богохулствува.” А Исус, штом ги разбра мислите нивни, рече: „Зошто мислите лошо во срцата ваши? Или, што е полесно? Да кажам: »Ти се простуваат гревовите твои!« или да кажам: »Стани и оди!«? Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гревови.” Тогаш му рече на фатениот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!” И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома. А народот, кога го виде тоа, се зачуди и Го прослави Бога, Кој им дал таква власт на луѓето.
Од Светото Евангелие според Матеј (9, 1-8). Зач. 29.
Jul 18, 2023
10 min

Во оваа емисија слушајте за:
1. Црквата
Православната Црква органски е истата заедница (еклисиа) која започнала да постои во денот кога Светиот Дух слегол во Ерусалим, на празникот Педесетница.
2. Изворите на верата
Извори на црковното учење, како што е формулирано во Православната катехиза, се: Светото Писмо и Светото Предание, кои се зачувани од Црквата.
3. Спасението
Што е спасението, за кое толку многу се зборува, а луѓето го разбираат на толку многу различни начини?
Протојереј Антониј Петрушевски. Според Катехизисот од Архиепископот фински г. Павле.
Feb 8, 2023
15 min

Ќе биде појасно што му нуди православната духовност на современиот човек ако обработиме поглавје за односот на Православието и светот, бидејќи во православното Предание, светот како создание и како историја ја наоѓа смислата и целисходноста во Икономијата на Црквата, која, бидејќи е полнота на Богочовекот Христос, образува таинствено средиште на светот, „украс на светот” ...
Православието не е бегање од светот во име на вонвременско ширење и трагања, на индивидуална или религиозна самодоволност во која се мешаат христијански и нехристијански еле менти. Православието ја воплотува духовноста на Воплотувањето, тоа е храбар подвиг, претходно присуство на љубовта и одговорноста, сила за преобразба на светот и историјата. Како што падот на човекот не е изолиран настан, бидејќи со себе го повлекол целото создание и ја вовел лагата во историската стварност, така и спасението не е само за човекот, туку е спасение на целото создание и на историјата преку човекот.
***
Од книгата: Православна духовност, протојереј Михаил Кардамакис.
Превод и читање: протојереј Антониј Петрушевски (комбинирано со компјутерски генерирано читање, со технологија за конвертирање на текст во глас).
Jan 28, 2023
16 min

Православието ги открива богатството на својата духовност и онтологијата на своето внатрешно искуство, со целиот историско-есхатолошки динамизам и со својата богочовечка полнота, во еден збир од своите посебни карактеристични обележја и изрази. Православната духовност е:
Библиска и Преданиска
Историска и есхатолошка
Теориска и практична
Светоотечка и монашка
Богољубива и човекољубива
---
Православна духовност / протопрезвитер Михаил Кардамакис
Превод и читање: протојереј Антониј Петрушевски
Jan 9, 2023
13 min

Православието ги открива богатството на својата духовност и онтологијата на своето внатрешно искуство, со целиот историско-есхатолошки динамизам и со својата богочовечка полнота, во еден збир од своите посебни карактеристични обележја и изрази. Православната духовност е:
Библиска и Преданиска
Историска и есхатолошка
Теориска и практична
Светоотечка и монашка
Богољубива и човекољубива
---
Речник:
* Есхатологија (грч. εσχατον - есхатон, крај, последно). Есхатологијата е теолошка наука за последните денови (стварност, настани), но не само во временска, туку и во егзистенцијална смисла, т.е. учење за воспоставувањето на вечниот живот или Царството Божјо, кое ќе се случи на крајот на историјата, со Второто доаѓање на Господ Исус Христос.
* Воплотување. (греч. ἐνσάρκωσις, лат. incarnatio), клучен настан во историјата на спасението, кој се состои во тоа, што предвечното Слово (Логос), Синот Божји, Второто Лице на Бог Пресвета Троица, примил човечка природа. Исус Христос е вистински Бог и вистински човек.
---
Православна духовност / протопрезвитер Михаил Кардамакис
Превод и читање: протојереј Антониј Петрушевски
Jan 2, 2023
14 min

протојереј Михаил Е. Кардамакис, Православна духовност.
Согледувањето на стварите во просторот на христијанските тајни ни помага да сфатиме дека духовноста не е просто неодредена внатрешна содржина и дека не се сведува на човечко одредување. Христијанската духовност е надминување на „душевноста” и посебно на „религиозноста”. Се доживува и се изразува како апсолутно нов и онтолошки настан, чудо на Откровението и на верата. Таа е чист, автентичен, мистичен и таинствен живот – живот на човекот со Бога и пред Бога, кој ни е даден со воплотениот Христос, кој е онтолошки темел, мерка и критериум за вистинскиот живот – на животот на Црквата.
Текстот го чита: протојереј Антониј Петрушевски
Dec 28, 2022
10 min

Христијаните веруваат во Бог Троица - Отец, Син и Свети Дух. Троица не е три Богови, туку еден Бог во три ипостаси, т.е. три самостојни личносни постоења...
Превод од: митрополит Иларион (Алфеев) Таинство веры. https://bit.ly/343Q1UX
Jan 25, 2022
11 min

Претпоследната и последната Недела пред празникот на Рождеството Христово се нарекуваат: Недела на светите праотци и Недела на светите отци...
Jan 2, 2022
8 min

- По греовопадот на прародителите, човекот, сакајќи да го игнорира Бога, потонал во сопственото незнаење и немоќ. Заради тоа на вратите на православниот духовен живот се испишани зборовите: „Познај се себе.“
- Човекот треба да ја возвиши својата слобода и да ја зголеми својата одговорност, да тргне од себе кон надминување на животниот безизлез, на пустелијата на светот и на парадоксот на историјата.
- Најдлабоката смисла на самопознанието е чувствувањето на гревот. „Мугра и почеток на спасението на душата е спознавањето и разбирањето на извршените гревови.”
- „Оној што ги познал слабостите на човечката природа, го примил искуството од Божјата сила.”
- „Гревот и злото не доаѓаат од надворешна извалканост, туку од внатрешниот неуспех, од изопаченоста на волјата. Доследно на тоа, гревот се победува само со внатрешна измена и промена, а покајанието, пак, го добива печатот од благодатта во Светите Тајни.”
Dec 28, 2021
13 min

Што е тоа Свето Крштение? - Приватна, фамилијарна свеченост или духовен настан - повторно раѓање преку вода и Дух, врата низ која крштеваниот влегува во животот на Црквата, т.е. станува член на Телото Христово!
Објаснување на значењето на чинот со извадоци од молитвите на крштевањето. За оние што ќе се крстат и за оние што се крстени...
Oct 24, 2021
18 min
Load more
