Ќе биде појасно што му нуди православната духовност на современиот човек ако обработиме поглавје за односот на Православието и светот, бидејќи во православното Предание, светот како создание и како историја ја наоѓа смислата и целисходноста во Икономијата на Црквата, која, бидејќи е полнота на Богочовекот Христос, образува таинствено средиште на светот, „украс на светот” ...
Православието не е бегање од светот во име на вонвременско ширење и трагања, на индивидуална или религиозна самодоволност во која се мешаат христијански и нехристијански еле менти. Православието ја воплотува духовноста на Воплотувањето, тоа е храбар подвиг, претходно присуство на љубовта и одговорноста, сила за преобразба на светот и историјата. Како што падот на човекот не е изолиран настан, бидејќи со себе го повлекол целото создание и ја вовел лагата во историската стварност, така и спасението не е само за човекот, туку е спасение на целото создание и на историјата преку човекот.
***
Од книгата: Православна духовност, протојереј Михаил Кардамакис.
Превод и читање: протојереј Антониј Петрушевски (комбинирано со компјутерски генерирано читање, со технологија за конвертирање на текст во глас).

