
Гости: Василка и Ѓорѓи Трипкови се родителите на авторот на емисијата ЗЕН. Како гости во 7-та епизода, токму со нив ќе ја затвориме првата сезона насловена ИДОЛИ. | Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Гере Трипков ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Вежба за несоница | Трипкови ќе раскажат и покажат дека и покрај сите животни предизвици, покрај сите спротивни ветришта и сите ѕидови во општеството и во средината на живеење семејството сплотено може да ги преброди со леснотија. Гере во својот портрет ќе се обзнани како еден од заедницата на маргинализираните и ќе испрати порака дека ништо не ќе може да не спречи во мисијата наречена: Љубов, Сила, Слобода! | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: [email protected] |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!
Jul 18, 2021
29 min

Гостин: Никола Ристановски - еден од најнаградуваните актери со импресивно портфолио, човек посветен на професијата и фамилијарните вредности| Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Гордана и Александар Стојаноски ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Вежба за поттикнување позитивна енергија | Никола Ристановски зборува за вербата и истрајноста на патот кон личниот и колективен развој, за трансформациските моќи кои како човечки битија ги поседуваме, за влијанието врз сопствената судбина и постигнување животен баланс, за улогата на семејството во личниот и професионален успех и за актерската игра и советите за младите актери. Гордана и Александар Стојаноски испраќаат порака до маргинализираните лица и до општеството со цел обединување во длабока, човечка смисла. | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: [email protected] |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!
Jul 11, 2021
30 min

Гостин: Изет Цури е моделист, моден креатор со 50 год. искуство во модната индустрија | Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Александар Матовски-Цако ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Вежба за концентрација и подобрена функција на мозокот | Изет Цури ќе раскаже како млад човек може да ја креира својата среќа, успех, иднина. Ќе не однесе во неговата младост од Скопје, па Париз и работата со луксузни брендови како Hermés и што е потребно да создадеш бренд покрај толку голема конкуренција, како и совети за млади креатори. Посочува и зошто Македонија нема текстилни брендови и што бил мотивот да го основа Институтот за мода "Изет Цури" во Скопје.
Александар Матовски-Цако ќе ви даде совет за личен развој. | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: [email protected] |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!
Jul 4, 2021
28 min

Гостин: Дуке Бојаџиев - композитор, продуцент, пијанист | Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Марија Савеска ❤️💪🕊️ |
ЗЕН Вежба: Вежба за концентрација и подобрена функција на мозокот | Дуке брутално искрено говори за нашата моќ да одлучуваме каков живот ќе избереме да живееме. Зборуваме и за неговите професионални ангажмани, две-децениската работа како уметник-индивидуалец, за преселбата од Њујорк во Париз, за улогата на семејството во нашиот успех. Марија Савеска ќе ви посочи што ни е потребно да делуваме за да ги оствариме соништата. | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: [email protected] |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!
Jun 27, 2021
30 min

Гостин: Наташа Андонова - фудбалска репрезентативка, поранешен играч на Постдам, Розенгард, ПСЖ, Барса, актуелен на Леванте | Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Ирена Поповска ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Релакс вежба за рамената и грбот | Со Наташа разговараме како таа како младо талентирано девојче од Неготино си го остварува сонот да биде врвна фудбалерка, и игра во најдобрите светски клубови. Посочува и што треба да направат родителите за своите деца за да бидат успешни и што значи да сакаш искрено, да бидеш силен и слободен! Ирена Поповска ќе ви пренесе порака како да делуваме за да го движиме општеството напред. | автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: [email protected] |Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!
Jun 20, 2021
30 min

Гостин: Игор Ангеловски - Мрме - тренер на Фудбалската репрезентација на Македонија
|Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Беира Салифоска ❤️💪🕊️
| ЗЕН Вежба: Релакс вежба за дишење и антистрес акупресурна вежба
| Со Игор Ангеловски разговараме за фамилијарните вредности и неговата сопруга која е неговиот семеен стожер, за тоа што општеството да направи за еднаквост и рамноправност со најранливите, на крајот тој сподели совети за младите спортисти. Беира Селифоска пак ќе ви пренесе што е тоа што не движи напред и ни дава сила.| автор/продуцент: Гере Трипков | соработки и предлози: [email protected]
|Поддржете не во мисијата / Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ / за создавање трајни општествени промени!
Jun 12, 2021
29 min

Премиерна 1. епизода од првата сезона на ЗЕН емисијата и поткастот. Гостин: Илина Арсова | Портрет „Љубов, Сила, Слобода“ : Дејан Тодоровски ❤️💪🕊️ | ЗЕН Вежба: Правилно дишење
| Во оваа епизода со Илина зборуваме за тоа што значи да си исполнет, за справувањето со стравовите, за истрајноста и за љубовта! Дејан ќе ви каже што е најважно во животот, а јас ќе го отворам циклусот вежби за постигнување на баланс на телото и духот. /Биди храбар-а и дел од промените во општествената мисија > Љубов, Сила, Слобода ❤️💪🕊️ < Испрати мејл со наслов #zen на [email protected] за повеќе детали/
Jun 6, 2021
30 min

Автор на најавната тема искористена во емисијата/поткастот ZEN e Дуке Бојаџиев.
May 24, 2021
29 sec
