
Се враќамеее со нова епизода од подкастот Збор-два: Парк муабети со одличен разговор со поетеса, скопска шемаџика и дама со полн глас и исправена става! Зборуваме за идеи, патуваме низ муабети и теми, за тоа како е да живееш со отворено срце и да шириш љубов, како да се радуваш и како постојано да се чудиш. Свемирски и вселенски муабети, по бистроа низ Франција и на плажи по Охрид, рашетани и расеани во нашите весели муабети и моменти разменуваме збор-два, три, четирии... Ова е ода за спонтаноста, за моќта на идеите и за големината на светот и нашата желба да живееме присутно и целосно во него!
Прекрасната илустрација за оваа епизода е дело на извонредната илустраторка и дизајнерка Катерина Николовска - Тери. Нејзините автентични креации може да ги погледнете на инстаграм акаунтот extra_teri_strial а повеќе може да погледнете и на нејзиниот Behance профил <3
Нови епизоди секој вторник, а во меѓувреме следете нѐ на:
Instagram | Spotify
Aug 13, 2021
30 min

Во оваа епизода од подкастот Збор-два: Парк муабети, разговарам со девојка која за првпат ја запознавам во парк, балерина по професија, а во слободно време талкач по мисли и идеи. Во оваа епизода зборуваме за музиката, настојуваме да танцуваме наместо да чекориме, да се радуваме и да уживаме во идејата на непредвидливото патување низ последните 24 часа на Земјата. Низ разговорот одекнува ритамот на љубопитноста, а ние сме само двајца млади кои се обидуваат да го фатат што повеќе.
Прекрасната илустрација за оваа епизода е дело на извонредната Бианка Бојковска. Нејзините автентични креации може да ги погледнете на инстаграм акаунтот biankaboj
Нови епизоди секој вторник, а во меѓувреме следете нѐ на:
Instagram | Spotify
Jun 8, 2021
24 min

Во оваа епизода од подкастот Збор-два: Парк муабети разговарам со две девојки кои случајно ги запознав во парк а кои се вистински уживатели на животот. Во оваа епизода скокаме по теми, се протегаме во јога пози, дишеме длабоко на врвот од планина и се тегнеме на лежалки покрај море. Исполнета со уживање и вивидни сцени, оваа епизода е убав потсетник дека е прекрасно да се биде жив.
Извонредната илустрација за оваа епизода е дело на талентираната АнаМарија Мишачковска. Нејзината уметност може да ја погледнете на инстаграм акаунтот @mishackovska
Нови епизоди секој вторник а во меѓувреме следете не на:
Instagram | Spotify
Jun 1, 2021
26 min

Во третата епизода од подкастот Збор-два: Парк муабети повторно разговарам со рандом луѓе кои ги запознавам во парк. Во оваа епизода се стоплуваме во разговорите за важноста на пријателството, се потсетуваме на убавите работи во животот, сонуваме во бои и слушаме за навидум најдобрата travel дестинација - Крушево!
Нови епизоди секој вторник а во меѓувреме следете не на:
Instagram | Spotify
May 25, 2021
19 min

Во втората епизода од подкастот Збор-два: Парк муабети одиме правец вселена, шетајќи се низ мислите на Горазд Китановски - Кени и неговите перцепции за светот. Во епизодата разговараме за какво е доживувањето да читаш поезија во автобус, за неговата нова иницијатива "НИЕ" и за личните борби против досадата позната како комфор.
Прекрасната илустрацијата за оваа епизода е дело на талентираната Гаја Смилевскa.
Нејзината уметност може да ја погледнете на инстаграм акаунтот Holographings.
Нови епизоди секој вторник а во меѓувреме следете не на:
Instagram | Spotify |
May 18, 2021
28 min

Во оваа прва епизода ќе ја слушнете приказната за тоа што би се случило ако се осмелам да зборувам за позитивни и убави работи со луѓе кои за првпат случајно ги запознавам во парк.
Следете не на:
Instagram | Twitter | Spotify | Apple Music
May 11, 2021
28 min

Време е за убави и позитивни муабети во парк. Наскоро се гледаме со нашата прва епизода!
May 7, 2021
25 sec
