
Добредојде во уште една епизода од мојот подкаст! Овој пат зборувам за кампувањето – како изгледа кога летниот одмор е во камп. Дали сте размислувале некогаш да кампувате со децата? Дали тоа е авантура или само уште една компликација на одморот? Во оваа епизода споделувам наше лично искуство како семејство кое ужива во кампување, а одговарам и на неколку ваши прашања поврзани со логистика, организација и комфор. Ако ви се врти по глава идејата за лето поминато во камп – оваа епизода ќе ви дад...
Jun 28, 2025
19 min

Во оваа епизода зборуваме за семејството како систем што го градиме секојдневно. Системите се дел од нашето секојдневие, а семејството е еден од најважните. За еден семеен систем да биде здрав и стабилен, според мене потребно е планирање и поставување цели. Планирањето создава основа за функционално и хармонично семејство. Во хаосот на секојдневието, често се губат приоритетите, но замислете како би се промениле работите ако вашето семејство има јасен план и заеднички цели. Кога го негуваме ...
Jan 17, 2025
25 min

Поставувањето цели за секоја нова година е како ритуал за мене, нешто што го негувам веќе неколку години. Овој процес не е само обична задача, туку момент за размислување, планирање и креирање визија за годината што претстои. Поставување на цели, заедно со креирање на vision board е нешто што мене ми дава смисла и насока, јаснотија за тоа што навистина сакам да постигнам, но и чувство на контрола врз патот по кој се движам. Целите не се само листа на желби; тие се алатка што ми помага свесно ...
Jan 3, 2025
23 min

Неодамна ја слушнав оваа порака: „When you press the pause button on a machine they stop. But when you press the pause on a human being they start.“ Од тој момент, оваа мисла е постојано со мене. Често, во бурни денови и тешки ситуации, забележував како нетрпеливоста и силниот порив веднаш да го решам проблемот ме водат кон стрес и вознемиреност. Вчера, по многу обиди и грешки, за првпат успеав навреме да се препуштам на паузата, и токму тогаш чуда почнаа да се случуваат.
Nov 14, 2024
18 min

Јас сметам дека никогаш не е доста од споделување на искуство на некоја мајка, особено ако се работи за еден од најголемите проблеми со кој се соочува секоја нова мајка: СПИЕЊЕ! Дефинитивно искуството и перспективата си го прави своето, но сепак знаењето и пристапот и реалните очекувања менуваат сѐ. Па во оваа епизода го споделувам моето искуство околку спиењето со моето второ дете, и што е она што поинаку го направив сега отколку со првото. Од менување на мојата перспектива и очекувања, до...
Mar 5, 2024
27 min

Добредојдовте во новата епизода, прва за оваа 2024! Оваа епизода е продолжение на претходната, но овој пат повеќе зборувам за оние работи кои јас би сакала да ги знам во однос на бебето за тој четврт триместар. Комуникација, како клучот за било кој однос за мене играше огромна улога во градење на таа конекција со моите деца. А комуникацијата со мало бебе е најтешкото нешто, барем за мене како мајка, зошто бебињата се целосно невербални суштества, и еднинствен начин за комуникација им ...
Jan 18, 2024
43 min

Постпартумот е еден период од животот на секоја жена кој е доста често изоставен. Многу често не ни зборуваме за ова четврто тромесечје низ кое секоја жена, мајка поминува. Сите главен акцент му даваат на бебето, а доста често се заборава на мајката. Јас верувам дека е многу важно да се зборува на оваа тема, сѐ со цел жената да е посвесна што е она што следи и што да очекува, и да знае дека сите тие процеси низ кои минува се многу нормална појава за секоја мајка. Често, благодарение на ...
Dec 15, 2023
44 min

Родителството за мене лично беше најголемиот повик за раст и развој. Родитеството за мене е една од најголемите улоги кои јас можев да ги добијам во мојот живот. Улога која ме натера да се преиспитам колку знам и колку всушност не знам. Улога кога ми кажа дека е време за промени, време за превземање на одговорност и константо работење да бидам подобра личност. Родитеството ме натера да согледам што се граници, што всушност се навики, рутини и колку голема улога имаат тие во животот на едно ...
Mar 25, 2022
1 hr 9 min
Load more
