goce.mk
goce.mk
Goce.mk
Текстилниот отпад – од загадувач до суровина и производ со нова вредност
13 minutes Posted Jan 31, 2023 at 3:15 pm.
0:00
13:52
Download MP3
Show notes

Пернички, јорганчиња, лејзи бегови, но и парчиња облека кои доминираат и на модните писти…Во нив тешко ќе ги препознаете купиштата од текстилниот отпад, а сепак е таму.

Од проблем, од загадувач на околината, дел од текстилниот отпад се претвора во производ со нова вредност. Во недостаток на системско решение за текстилниот отпад, пионерски чекори во оваа насока прават невладиниот и високообразовниот сектор. Невладината организација „Фондација за развој на локалната заедница“ (ФРЛЗ) од Штип заедно со Технолошко техничкиот факултет на државниот универзитет „Гоце Делчев“  во пракса покажаа како текстилниот отпад наместо загадувач може да биде суровина и да се преработи.