goce.mk
goce.mk
Goce.mk
Пророкот Достоевски
4 minutes Posted Nov 15, 2021 at 12:09 pm.
0:00
4:09
Download MP3
Show notes

Пишува проф. Д-р Трајче Стојанов 


Деновиве се навршуваат 200 години од раѓањето на еден од најголемите руски, но и светски писатели Фјодор Михајлович Достоевски. Роден е 1821 година во Москва, во не многу имотно и секако не многу среќно семејство. Мајка му рано починала од туберкулоза. Татко му, инаку доктор бил насилен алкохоличар, кому Достоевски цел живот не му простил. Во еден од неговите романи има мотив на таткоубиство, а творецот на психоанализата З. Фројд, дури и пишува студија насловена „Достоевски и таткоубиството“, расветлувајќи ги психолошките механизми кои стојат зад книжевникот и неговата книжевност.