Show notes
вангелие според Лука 17 зачало (V гл., 1-11)1. Еднаш, кога народот се притискаше кон Него за да го чуе словото Божјо, Он стоеше покрај Генисаретското Езеро.2. Тогаш виде два кораба, што стоеја покрај езерото; а рибарите, излегле од нив, си ги плавеа мрежите,3. Како влезе во еден од корабите, кој беше на Симона, го замоли да се оддалечи малку од брегот, па седна и го поучуваше народот од коработ.4. А штом престана да говори, му рече на Симона: „Заплови во подлабоко и фрлете ги мрежите свои за лов!”5. Но Симон Му одговори и рече: „Наставниче, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но по Твоја волја ќе ја фрлам мрежата.”6. И штом го направија тоа, тие уловија голема количина риба, та дури и мрежата им се скина.7. Им дадоа знак на другарите, што беа во другиот кораб, да дојдат и да им помогнат; и тие дојдоа и ги наполнија и двата кораба така, што за малку ќе потонеа.8. А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред нозете Исусови и Му рече: „Оди си од мене, Господи, оти сум човек грешен!”9. Зашто беше влегол страв во него, и во сите што беа со него, од тој лов на риби, што ги уловија;10. а исто така и во Јакова и Јована, синовите Зеведееви, кои му беа другари на Симона. И му рече Исус на Симона: Не бој се! Отсега ќе ловиш луѓе!”11. Кога ги извлекоа двата кораба на суво, оставија сe и тргнаа по Него.


