Boiling Point Podcast
Boiling Point Podcast
boiling.pt
Аца Златковиќ (Senka Stare Vere)
59 minutes Posted Jun 25, 2023 at 11:00 am.
0:00
59:54
Download MP3
Show notes

Во оваа епизода разговараме со Аца Златковиќ и за првпат дискутираме на теми кои не се поврзани со музиката. Аца е родум од Бабушница, Србија, каде што живее и работи како наставник по историја. До сега има напишано две книги: "Сенка старе вере" и "Пиротски Округ измеѓу Србије и Бугарске". Моментално работи на својата трета книга - историски роман за граѓанската војна помеѓу покрстените и некрстените. Причината за овој наш разговор е неговата книга “Сенка Старе Вере“. Тука Аца ги опишува старите (пагански) народни обичаи и верувања на народот во нашата околина. Во книгата се зборува и за подоцнежната промена на истите од пагански во христијански (православни), начинот на кој се сменети, како и причините поради кои тие промени се случиле и како во текот на таа промена се губи меморијата за "старата вера" за многу од ритуалите кои се практикувале во минатото. Отворивме различни теми во текот на разговорот, меѓу кои: говорот (дијалектот) на народот наспроти стандардизираниот јазик; зачувувањето на културата и обичаите; меморијата на народот; задачата на историјата како наука итн... Оставивме и простор да ја продолжиме дискусијата во некоја следна прилика со нов повод.

Aca /not available

Hosts: Marko ⁠/churuk.dete⁠ & Boban ⁠/vagabundo_docevski⁠

Boiling Point /boiling.pt

⁠⁠Opening Theme: Robert L. Pepper /pasmusique

Photo: Boban ⁠/vagabundo_docevski⁠
Post-Production: Mario /duodecimaloffsync

Снимено во просториите на LetterA Centar, Бабушница /LetterA Centar

Благодарност до Канал 103: ⁠radio.spodeli.org/103